21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската премиерка со одговор на критиките: „Жал ми е за грешките, но останувам“

Премиерката на Обединетото Кралство Лиз Трас се извини за „грешките“ во нејзината програма што ја нарушија довербата на инвеститорите и го намалија нејзиниот рејтинг, но изјави дека нема да се повлече.

„Сакам да ја прифатам одговорноста и да се извинам за направените грешки. Сакав да дејствувам, но и да им помогнам на луѓето со сметките за енергија, да се справат со проблемот со високите даноци, но отидовме предалеку и пребрзо“, изјави Трас за Би-Би-Си.

Министерот за финансии Џереми Хант, кој беше назначен во петокот откако Трас го отпушти нејзиниот близок соработник Кваси Квартенг, во понеделникот ги отфрли преостанатите главни елементи од нејзината програма, вклучително и намалување на нејзината голема енергетска поддршка.

Запрашана дали сега е премиер само по име, Трас рече дека го назначила Хант бидејќи знаела дека мора да го промени правецот.

„Би било целосно неодговорно доколку не постапив во националниот интерес на начинот на кој постапив. Правилно беше што ја сменивме политиката“, рече таа.

Трас, која стана премиерка пред помалку од шест недели, рече дека ќе ја води својата Конзервативна партија на следните избори.

„Останувам затоа што ме избраа да работам за оваа земја и тоа е она што сум решена да го правам“, нагласува таа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

5 грешки кои речиси секој ги прави при месење тесто

M T

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

M T

Ова се 6-те грешки кои постојано ги повторувате и поради кои не можете да изгубите тежина

M T

Признавањето на сопствените грешки е тешко: 10 знаци дека всушност ВИЕ сте проблем во вашата врска

M T

ГРЕШКИ ШТО СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ – НИКАКО не го чувајте маслото на едно место, тоа го скратува рокот на траење

M T

Најголемите грешки што ги правите при печењето на скара: „Поради нив и доброто месо излегува лошо“

M T