11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

„Нестле“ испраќа 1,5 милион кутии со адаптирано млеко за бебиња во САД

Швајцарската прехранбена компанија „Нестле“ им обезбеди на САД дополнителни 1,5 милион кутии со адаптирано млеко за новороденчиња за да го ублажи недостигот, соопшти американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Од јули до октомври, благодарение на ублажените регулативи за увоз, „Нестле“ ќе испрати Gerber Good Start Gentle од Мексико во САД, а од јуни до октомври NAN Supreme Pro 1 и Supreme Pro 2 од Германија.

Од летото на американскиот пазар ќе бидат достапни околу 1,3 милион кутии Gerber Good Start Gentle со тежина од околу 1,1 милион килограми и речиси 250.000 кутии NAN Supreme Pro 1 и Supreme pro 2 со тежина од речиси 800.000 килограми.

Американското Министерство за здравство и човечки услуги сега ја проценува можноста за испорака на храна во САД што е можно побргу, соопшти ФДА.

Во мај „Нестле“ испорача Gerber Good Start Extensive од Холандија и Alfamino од Швајцарија во САД нагласувајќи дека овие производи се приоритет бидејќи се наменети за бебиња алергични на протеини од кравјо млеко.

Понудата на адаптирано млеко за доенчиња во САД опадна во февруари кога „Абот нутриција“, најголемиот американски производител, ја затвори фабриката во Мичиген и ги повлече најпопуларните формули поради бактериска контаминација поврзана со смрт кај бебињата.

За да се реши проблемот со недостигот, ФДА ги повика производителите во светот да извезуваат храна за бебиња во САД.

Спонзорирано: