Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

(Видео) Јајоска: Над 100.000 граѓани заложници на хировите на Арсовска, мостот на булеварот АСНОМ сè уште не е во функција

Над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром, Гази Баба, со месеци се заложници на хировите на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Мостот на булеварот АСНОМ, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба, сè уште не е во функција, изјави Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ од исклучително значење за намалување на сообраќајот, олеснување на комуникацијата на граѓаните во овој дел од градот. Веќе е направен технички прием на мостот, но никако да се стави во употреба.

Дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник? Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот, па под притисок на јавноста сепак го продолжи? Како и да е, тоа граѓаните не ги интересира. Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска“, рече Јајоска.

Таа ѝ порача на Арсовска да ја надмине својата суета бидејќи, како што рече, се работи за голем и значаен проект за граѓаните.

„Мостот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што побргу бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, заклучи Јајоска.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК