16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: Работиме на нови мерки, дел ќе бидат редизајнирани и таргетирани

Владата подготвува нови мерки, дел ќе бидат редизајнирани и таргетирани, насочени кон најпогодените од кризата, рече во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија премиерот Димитар Ковачевски.

„Се уште е на важност намалувањето на ДДВ за електричната енергија, директни издатоци за најранливите категории на граѓани по 1.000 денари месечно, директни издатоци за пензионерите по 1.000 денари месечно, обезбедување на гарантни шеми, без каматни кредити и половни кредити со многу ниски камати за енергетска трансформација на компаниите во делот на продажба. Ова значи дека дел од тие мерки не се укинати, а дел од тие мерки сега се редизајнираат со оглед на тоа што пред нас претстои тешка зима и мора да обезбедиме и ова беше планирано, значи не е нешто што не е планирано. Во моментов се работи на редизајнирање на мерките со цел тие да бидат потаргетирани во периодот кој што претстои пред нас и најмногу да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои што се најпогодени од кризата. Ние во ребалансот на веќе издвоивме 72 милиони кои што се резерва за антикризни мерки. Исто така се работи во однос на поддршката која што ќе треба да се даде на енергетскиот сектор во државата“ рече Ковачевски.

Сите мерки кои што беа направени во март годинава беа многу детално планирани со аналитички пристап со истражување и со консултации со меѓународните финансиски институции и нивните експерти и тие дадоа резултат, вели Ковачевски и додава дека само мерките тежеле 400 милиони евра а заедно со субвенционирањето на струјата тежат околу 615 милиони евра.

Опозицијата ги критикуваше овие мерки на почетокот. Имаше критики но тие мерки се покажаа дека обезбедија заштита од ценовен шок при првиот удар на кризата бидејќи да не заборавиме при првиот удар на кризата во околните држави имаше енормно покачување на цените на храната и на горивата и на цените на електричната енергија, наведува Ковачевски.