Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Наезда на диви свињи во градовите во Канада

Ако не ги спречиме, „супер свињите“ наскоро би можеле да ги нападнат градовите во западна Канада, предупредува канадската јавна телевизија Си-Би-Ес.

Станува збор за диви свињи, кои биле забележани на улиците на 28 градови и села во Алберта, провинција во западна Канада. Локалните власти во Ламонт ги повикаа граѓаните да внимаваат од можна инвазија на диви свињи.

Професорот по агрономија Рајан Брук вели дека и урбаните и руралните заедници во тој дел на Канада треба да се грижат за дивите свињи.

Откако во Ламонт биле забележани свињи скитници, граѓаните добиле порака која гласи: „ Бидете мирни и движете се полека. Не ги бркајте животните, не ги провоцирајте“.

Како што понатаму се наведува, не се работи само за диви свињи, туку за мешавини на диви и домашни свињи кои избегале од фармата, па се додава дека проблемот не е нов, туку изгледа дека сега ги има повеќе отколку порано.

Дивите свињи можат да тежат и до 150 килограми, а можат да поминат повеќе од 40 километри дневно.

Овие животни ги уништуваат посевите, ги загадуваат изворите на вода со тркалање во мочуриштата и носат болести кои можат да ги пренесат на домашните свињи. Поради нивната приспособливост, тие можат да живеат секаде, па се поблиску до градовите во Европа и Америка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

M T

Канада ја замрзнува продажбата и купувањето оружје

M T

Канада: Најмалку осум лица загинаа во силно невреме

M T

Случај на мајмунска сипаница е регистриран и во Канада

M T

Првиот авион со украински бегалци слета во Канада

M T

Канада го повика рускиот амбасадор на разговор

M T