13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шарл Мишел денеска доаѓа во Босна и Херцеговина

Мишел доаѓа во Сараево во рамките на посетата на регионот,вчера беше во Србија каде се сретна со претседателот на таа земја Александар Вучиќ, а се очекува да ја посети и Албанија.

Мишел денеска ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.

„Тие ќе разговараат за патот на БиХ кон ЕУ, 14 клучни приоритети од кои дел се изборните и уставните промени, како и за регионалната стабилност во контекст на променетата геополитичка ситуација. Предвидени се средби со членови на Претседателството на БиХ, како и со партиски лидери“, изјавија за Н1 од Делегацијата на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет би можел да ја искористи оваа посета и за да ја запознае БиХ со идејата за создавање на европска геополитичка заедница која го вклучува Балканот. Тоа го повика претходно при неговото обраќање на седницата на Европскиот економски комитет.

Последниве денови се зборуваше дека Мишел треба да издаде „заедничка изјава“ подготвена од европски претставници, потпишана од политичките лидери за продолжување на изборните реформи по изборите во октомври.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во еднодневна посета на Република Северна Македонија

M T

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

M T

НАТО: БиХ наскоро би можела да стане цел на Русија, тоа е нов тип на војна

M T

Oсмани во посета на БиХ, војната во Украина и нејзиното влијание врз регионот меѓу главните теми

M T

Бундестагот потврди: Германија испраќа воени трупи во БиХ во рамките на ЕУФОР

M T