33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина Centar Свет

Нова закана од Кремљ за Финска и Шведска: Грешка која ќе доведе до радикални промени

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.

„Безбедноста во Шведска и Финска нема да се зајакне по влезот во НАТО“ – посочи Рјабков и додаде дека од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја обезбеди безбедноста во случај двете земји да влезат во алијансата.

Според Рјабков, влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на светската ситуација. Тој додаде дека никој не треба да има илузии дека Русија едноставно ќе го прифати тоа, пренесува РИА Новости.