20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Соборот на СПЦ одобри канонско единство со Македонската православна црква

Собор на СПЦ денеска одобри канонско единство на СПЦ со македонската православна црква односно со Охридската Архиепископија, дознава српски Блиц.

Тоа според написот значи дека е решен спорот од 1967-ма година кога МПЦ прогласи автокефалност од Српската Црква.

На решавањето на спорот се работело во тајност подолго врема на преговори меѓу двете цркви во Ниш. Претходно беа обновени разговорите меѓу поглаварите на двете цркви, српскиот патријарх Порфирие и Архиепископот г.г. Стефан.