3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

На летовите кон и од Германија задолжителни маски и покрај олабавувањето на мерките

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат медицински маски за време на летот и покрај олеснувањето на епидемиолошките мерки во Европската Унија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

ФФП2 или медицинските маски мора да се носат за време на качувањето, слетувањето и за време на летот. Патниците можат да ги тргнат маските само за да јадат или пијат. Децата под шест години се ослободени од правилото за носење маски. Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Обврската за носење маски во авионите и возовите на национално ниво во Германија останува на сила до 23 септември. Маските се задолжителни и во локалниот автобуски и железнички превоз, пренесуваат тамошните медиуми.

Олабавувањето на епидемиолошките правила на ниво на ЕУ не значи дека маските повеќе не се неопходни на сите летови. Ryanair, најголемата нискобуџетна авиокомпанија, објави листа од 15 земји членки на ЕУ каде законите сè уште наметнуваат обврска за носење маски за да се спречи ширењето на вирусот, е објавено во написите.

Спонзорирано: