8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: Што е полошо од бомбардирање на Белград со осиромашен ураниум?

Што е полошо од бомбардирањето на Белград со осиромашен ураниум, земјата се труе многу години, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Во интервју за АТВ на Бања Лука, таа рече дека не се убиени само Срби, дека загинале и војници на НАТО, главно Италијанци, кои долги години не можат да добијат отштета.

– Никој ништо не им кажал, а потоа се разболеле од онколошки заболувања – рече Захарова.

Таа додаде дека поради бомбардирањето со осиромашен ураниум се раѓаат болни деца, дека храната и земјиштето се заразени.

– И нема плачење од јавноста, јавни бунтови на правни организации, кои би дале грантови од Европската Унија за да се решат овие или оние проблеми, како да се исплати отштета на луѓето, како да се третираат луѓето и слично. Ниту една „Анџелина Џоли“ не лета за Белград и не ги држи за рака децата кои се раѓаат болни бидејќи нивните родители биле отруени, рече Захарова

Можеби ќе ве интересира

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

M T

Захарова: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ

M T

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија е нелегитимен

M T

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

M T

Захарова: Западот вештачки ја одложува војната, Бугарија се користи за надмудрување на Русија

M T

Захарова: Го делат светот на оние кои имаат и на оние кои треба да ги искористуваат

M T