10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: Убеден сум дека Путин веруваше дека може да ги скрши НАТО и ЕУ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот лидер Владимир Путин мисли дека може да ги растури НАТО и Европската унија.

– Убеден сум дека Путин веруваше дека може да го скрши НАТО, дека веруваше дека може да ја скрши Европската унија – рече Бајден.

Наместо тоа, САД и многу европски земји се обединија и застанаа на страната на Украина.

Американскиот претседател додаде дека Путин е многу пресметан, но дека неговите постапки покажуваат дека не може да најде излез од војната во Украина, пренесуваат светските агенции.

Инаку, Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, повторно активирајќи ги законските одредби кои потекнуваат од Втората светска војна.

Новиот закон (украинска демократска одбрана за заем-закуп од 2022 година) се заснова на програма од Втората светска војна дизајнирана да и помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер и беше поддржан од речиси сите членови на американскиот Конгрес, освен 10 членови на Претставничкиот дом кои гласаа против, соопшти Белата куќа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T