19.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

Русија ги повикува меѓународните организации веднаш да и наредат на Украина да престане со убиствата на цивилите кои Киев ги обвинува дека соработуваат со Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Бараме меѓународните организации да го искористат своето влијание врз Киев и да го запрат масакрот на цивилите. Тоа мора веднаш да престане“, рече Захарова на прес-конференција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ги повикува земјите-членки на Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите важни организации да извршат притисок врз Владата на Киев да преземе ефективни мерки за спречување на хуманитарни последици за цивилното население.

Можеби ќе ве интересира

Захарова: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ

M T

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија е нелегитимен

M T

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

M T

Гувернерот на Доњецк до цивилите: Евакуирајте се, доаѓаат Русите

M T

Захарова: Западот вештачки ја одложува војната, Бугарија се користи за надмудрување на Русија

M T

Захарова: Го делат светот на оние кои имаат и на оние кои треба да ги искористуваат

M T