Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тело на нуркач и 50 килограми кокаин пронајдени на брегот на река во Австралија

Австралиската полиција денеска започна истрага откако 50 килограми супстанца за која се верува дека е кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони австралиски долари, беа пронајдени покрај телото на нуркач исфрлен на брегот покрај река во државата на Нов Јужен Велс.

На брегот на реката Хантер недалеку од Њукасл, на околу 170 километри северно од Сиднеј, вчера било пронајдено тело на маж кој носел врвна опрема за нуркање, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

И покрај посочената брза помош, непознатиот маж починал на лице место, а недалеку од него биле пронајдени неколку пакувања со бел прав, за кој се претпоставува дека е кокаин.

„Се обидуваме да утврдиме дали овие два инциденти се поврзани. Можеби се, но ние спроведуваме истрага со отворен ум за можните опции, им рече на новинарите началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Роберт Крихлоу, пренесува агенцијата.