Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Грушко: Москва нема намера да ги затвора амбасадите на европските земји

Москва нема намера да ги затвори амбасадите на европските земји како одговор на новите можни непријателски чекори, изјави за „РИА Новости“ заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко, нагласувајќи дека тоа не е дипломатска традиција.

„Тоа не е во нашата традиција. Затоа, сметаме дека работата на дипломатските претставништва е важна“, рече Грушко, одговарајќи на прашањето дали е можно затворање на европските дипломатски претставништва во Русија во услови на нови непријателски чекори на западните земји и проширување на санкциите, според руската агенција.

„Не започнавме дипломатска војна и кампања за протерување“, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи.