Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Претседателот на Северна Кореја му го честита Денот на победата на Путин и изрази солидарност со Русија

Севернокорејскиот лидер во честитката до рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата изразил цврста солидарност на неговата земја со Русија, пренесува „Јонхап“ повикувајќи се на севернокорејските медиуми.

Ким му ја честита на Путин годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во пораката на севернокорејскиот лидер се изразува силна солидарност со целта на рускиот народ да се искорени политичката и воената закана и уцена на непријателските сили и да се заштитат достоинството, мирот и безбедноста на земјата.