14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Професор од Киев: Путин сега има две главни цели

На истокот на Украина се водат жестоки борби, гранатирањето е постојано, а во вчерашните напади на училиште во областа Луганск загинаа 60 лица. Целиот свет со интерес го следеше вчерашниот говор на рускиот претседател Владимир Путин за време на прославата на Денот на победата во Москва, анализира за медиумите од регионот професор од Киев.

„Чудна е ситуацијата. Овде во Киев е убаво времето, цветовите цветаат. Ама од друга страна завчера имавме на пример седум воздушни напади.Генерално ситуацијата е прилично комплицирана со гориво Кај нас речиси и да го нема на пумпите“, вели професорот Максим Камењечки од Институтот за меѓународни односи во Киев во репортажа за емисијата „Добро утро, Хрватска“.

Професорот Камењецки го коментираше и говорот на Владимир Путин. „Мислам дека неговата главна порака е дека Русија е опкружена, дека тие се во непријателска средина и дека тој ќе продолжи со овие операции“, вели тој.

Оценува дека целата операција ја водат Русите во Украина поради снабдувањето на Крим.

„Тие сакаат да овозможат снабдување со свежа вода од Днепар до Крим преку регионот Керсон, бидејќи Крим го нема тоа. Ова се двете главни цели. Таму ќе се водат најжестоките битки“, вели тој.

Камењечки додава дека Украина всушност нема избор и дека еден ден ќе мора да ги ослободи териториите окупирани од Русите.

„Украина сака да го забрза својот пат кон членство во ЕУ и мислам дека тоа ќе биде порака до Русија доколку не успее. Веројатно нема да биде брзо, но е многу важно за геополитичката ситуација и за самата Украина“, изјавил тој за хрватскиот медиум.

Спонзорирано: