14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски како Груевски- не се извинува за 27 Април и повика народот да дошол по своето

Христијан Мицкоски по стапките на неговиот претходник Никола Груевски најавува дека е подготвен на ново крвопролевање и насилничка борба за доаѓање на власт. Слично како Груевски кој го повикуваше народот да не седи дома по папучи, Мицкоски сега бара „доаѓање по своето“.

Дека Мицкоски останува со режимското и насилно лице на режимот говори и фактот што наместо да се извини за насилствата од 27 април и обидот да се убијат пратеници, тој продолжува да ги брани насилниците и да бара нивно ослободување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одби да се извини до македонскиот народ за насилството од 27 април пред пет години. Освен што не се извини, тој со неговиот говор повика на ново насилство.

Мицокски повторно со ултиматум побара средба со премиерот Димитар Ковачевски, барајќи предвремени избори и користејќи речник како неговиот претходник Никола Груевски, се закани дека народот ќе дошол по своето.

Спонзорирано: