14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лиз Трас: Треба да бидеме сигурни дека и Западен Балкан ќе има способност да ги одржи суверенитетот и слободата

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас на велигденскиот банкет зборуваше за војната во Украина. Таа ја истакна потребата од единство во светот што ја предизвика војната, со посебен акцент на состојбите во Западен Балкан.

Трас ја предупреди Кина дека непочитувањето на глобалните правила ќе го запре нејзиниот подем како суперсила и рече дека Западот треба да се погрижи Тајван да се брани.

„Државите мора да играат според правилата. А тоа ја вклучува и Кина“, рече Трас. Зборувајќи за војната во Украина, таа кажа дека тоа е „војна на сите“.

„Тоа е војна на сите нас бидејќи победата на Украина е стратешки императив за сите нас. Тешко оружје, тенкови, авиони, сето тоа ни треба. Некои велат дека не треба да даваме тешко оружје, од страв да не испровоцираме нешто поголемо, но мислам дека непреземањето акција е поголема провокација. Ова е време за храброст, а не за претпазливост“, рече Трус.

Таа изјави дека Велика Британија мора да примени цврст став кон заканите кои доаѓаат надвор од Украина. Таа, исто така, посочи дека без оглед на заканите на Кремљ, Финска и Шведска мора што поскоро да станат членки на НАТО.

„Нашиот нов пристап се заснова на три области: воена сила, економска безбедност и подлабоки глобални сојузи.

Мораме да обезбедиме, заедно со Украина, Западен Балкан и земјите како Молдавија и Грузија да имаат издржливост и способност да го задржат својот суверенитет и слобода, рече Трас, додавајќи дека Британија и светот треба да посегнат по нови партнерства, политички и економски.

Можеби ќе ве интересира

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

M T

Медведев: „Лиз Трас е неспособен русофоб, нема идеи, ќе заврши како и нејзиниот претходник“

M T

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

M T

Трас: Ако станам премиерка на Британија ќе сторам се Путин да претрпи стратешки пораз

M T

Костадиновска-Стојчевска на министерскиот состанок од Западен Балкан во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан

M T