11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во разговор со поранешниот шеф на Меѓународната граѓанска канцеларија Питер Фејт оцени дека Косово е „најдемократската земја на Западен Балкан“.

-Се собравме да ја прославиме 10-годишнината откако Косово стана суверено и целосно независно, рече Курти и изјави дека Косово е „сега најдемократската земја на Западен Балкан“.

Тој оцени дека напредокот во владеењето на правото е во согласност со економскиот напредок и нагласи дека Косово е „сигурен партнер на меѓународната сцена“.

Фејт оцени дека мудрото раководство на Курти ќе овозможи заштита на интересите на Косово.

Според Фејт, Брисел не бил многу заинтересиран за неговата улога, но тој решил да ја спроведе долгата листа на планот на Ахтисари, пренесување на овластувањата и одговорностите на косовските институции, со големо противење од Србија „од самиот почеток“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

M T

Вучиќ и Курти на иста маса, српскиот претседател се надева на некакво решение

M T

Кадиров: Знам што се случува на Косово, тоа е сложена ситуација во кој има трет поттикнувач – НАТО

M T

Kосово ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември

M T

Гренел: Курти е фашистички премиер, Белград да не наседнува

M T