9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

Состанок на високо ниво се одржа меѓу АД ЕСМ и Европската банка за обнова и развој, на кој присуствуваа членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, предводени од генералниот директор, Васко Ковачевски, и високи претставници на банката, Анди Аранитаси, претставник за ЕБРД во Р. Северна Македонија, Анастасиос Гиаморидис, главен економист во одделот за енергија и природни ресурси за Западен Балкан и Стефан Костоски, банкар-ЕБРД.

На состанокот се разговараше за тековните проекти кои се реализираат од областа на обновливите извори, при што како особено позитивен сигнал беше издвоено пуштањето во производство на првата фотонапонска електрана во кругот на РЕК Осломеј-Кичево, финансирана во еден дел со поволна кредитна линија од ЕБРД. Раководството на АД ЕСМ и високите претставници на ЕБРД разговараа и за другите проекти кои се во тек на реализација или допрва треба да се реализираат, пред се фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 MW и фотонапонска електрана Битола 1 од 20 MW.

На состанокот се дискутираше и за можностите за финансирање од страна на ЕБРД кон АД ЕСМ со цел да се обезбеди зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во услови на енергетска криза, а со тоа и зголемување на производството и сигурна и стабила испорака на електрична енергија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

Грција поради енергетската криза дава и до 600 евра за ранливите домаќинства

M T

Богоев: ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите со Бугарија, енергетската и здравствената криза

M T