3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОР

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа средба со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде пред почетокот на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“, организирана од Министерството за финансии, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

На средбата во фокус на дискусијата беа енергетиката и земјоделството како клучни сектори во услови на глобална енергетска криза.

Дополнително премиерот Ковачевски се осврна на клучните економски податоци за макроекономските движења, мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од енергетската криза, инвестиции во зелена економија и одржлив развој како и проектите од четиригодишната Рамката за партнерство со Светска Банка 2019-2023.

Премиерот Ковачевски ја истакна важноста на соработката со Светска Банка, како и проектите кои се спроведуваат за енергетска ефикасност во јавниот сектор, унапредување на образованието кои се дел од четиригодишна рамка за партнерство со Светска Банка, во вкупна вредност од 420 милиони долари. Целта е насочена кон креирање конкурентна економија, инклузивен и одржлив раст на земјата.

Премиерот Ковачевски подвлече дека Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво. При тоа, Планот за забрзан економски раст, воспоставен минатата година усвоен од Владата, е добар патоказ за постигнување на нашите среднорочни цели, и истиот е позитивно оценет и од Групацијата на Светска Банка.

Ковачевски и Бјерде дискутираа и за важноста од имплементација на зелената агенда, дигитализацијата, иновациите и технологијата, развој на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата се приоритети утврдени и од Владата и вградени во Планот за забрзан економски раст.

Бјерде истакна дека Светска Банка останува активно вклучена во реализација на активностите во Северна Македонија, кои се дефинирани во тековната Рамка за партнерство, но и продолжува со детални анализи на пооделни сектори кои ќе се отсликаат во новата дијагноза за земјата и од кои ќе произлезат фокусираните области на соработка. Секако горенаведените приоритети ќе бидат вградени во новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска Банка.

Светска Банка во Република Северна Македонија активно работи на повеќе проекти. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, беше тема на состанокот. Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставувањето Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, Проект за поврзување локални патишта, Проект за администрација за социјално осигурување, Проект за подобрување на основното образование, Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и Проектот за одговор при итни случаи за КОВИД- 19.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T