4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Продуцентите на Rust ја добија максималната парична казна за смртта на снимателката

Продуцентите на филмот Rust, во кој актерот и продуцент Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс на снимањето, се казнети со 136.793 долари, јавува „Би-би-си“.

Продукциската куќа што стои зад нискобуџетниот вестерн ѝ е изречена максимална можна казна за пропусти во безбедноста на оружјето што се користи при снимање.

„Она што го имавме, врз основа на наодите на нашите истражители, беше збир на очигледни опасности за персоналот во врска со употребата на огнено оружје и пропустите на раководството да реагира на тие очигледни опасности“, изјави Боб Џеновеј, шеф на Канцеларијата за заштита при работа во Ново Мексико.

„Фаталното пукање на снимањето на Rust во октомври немаше да се случи доколку компанијата што стои зад вестернот ги почитуваше безбедносните протоколи нa кои се обврза да се придржува“, се наведува во истражните документи на Канцеларијата.

Можеби ќе ве интересира

Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна

M T

Приведен гостиварец за издржување затворска казна

M T

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

M T

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна

M T

Приведен крадец осуден на тригодишна затворска казна

M T

Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната

M T