12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Има поединци и партии кои се антиевропски определени, но доминантно сме европски народ

„Во нашата држава, како и во други држави во регионот постојат поединци, меѓутоа постојат и групи, постојат и политички партии во парламентите, односно во нашиот Парламент постои и надвор од Парламентот, коишто имаат јасна антиевропска и антинато определба. Меѓутоа доминатното и расположение и јавно мислење и определбата стратешка на Владата е европска интеграција“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА од Делфи економскиот форум.

Тој додаде дека европската интеграција нема алтернатива, бидејќи ЕУ е една од двете места во светот, покрај САД, каде што постои демократија во критичка мисла, каде постои социјална правда и каде што постои економски просперитет.

„Историски гледано Русија секогаш имала геостратешки интерес на Западен Балкан и воопшто на Балканот и од секогаш биле присутни во овој регион. Истото се однесува и на други држави, како на пример на Република Кина која што била тука присутна во изминатиот период и е присутна доминатно, преку свои инвестиции во инфраструктурата и тоа практично во сите земји во регионот. Меѓутоа определбата на земјите од овој регион, тука јас можам да зборувам за нашата држава, на сите политички партии релевантни во државата е јасна европска определба и јасна желба и активности во насока на интеграција во Европската Унија“ изјави Ковачевски за МИА.

Тој додаде дека Северна Македонија својата европска определба ја докажа преку хармонизација на нашето законодавство, преку воведување на принципите и вредностите на однесувањето во Европската Унија, што е потврдено низ четири последователни позитивни извештаи од страна на Европската Унија.

Спонзорирано: