13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Ковид-симптоми кои никој не ги спомнува: Експетите со ново предупредување за нарушувањата кои ги предизвикуваат

Иако поминаа повеќе од две години од започнувањето на короната, експертите сè уште учат нови работи за вирусот, вклучително и како тој влијае на луѓето и последиците од вирусот.

Конфузија
– Тешка конфузија, дезориентација и делириум понекогаш се единствените симптоми на коронавирусот. Ова е особено точно за постарите лица. Треба да се каже повеќе за ова, за луѓето да го добијат вистинскиот третман и грижа и да се намали ширењето на вирусот.

Овој симптом е поврзан со висок ризик од тешка клиничка слика и лоши здравствени резултати. Пациентот, кој се соочува со вакви симптоми, веројатно е во трипати поголем ризик од развој на тежок ковид – открива д-р Сунџија Швајг, основач и претседател на Калифорнискиот центар за функционална медицина.

Проблем со очите
Според д-р Швајг и Андерсон, конјунктивитисот може да биде симптом на ковид, заедно со чувствителност на светлина и болки во очите. Ова се случува кога вирусот го инфицира надворешниот слој на окото, а иако има луѓе кои се соочуваат со овој симптом, за него ретко се зборува.

Депресија
– Експертите открија дека Ковид влијае на менталното здравје на пациентите. Во една студија, повеќе од половина од луѓето кои биле заразени со Ковид пријавиле симптоми на депресија. Воспалението и имунолошкиот одговор на телото на самиот вирус се потенцијални причини зошто тоа може да се манифестира, покрај стресот поради вирусот.

Кога телото е заразено, имунолошкиот систем произведува цитокини, хемокини и други промотори на воспаление. Овие цитокини се во голема мера одговорни и можат да предизвикаат ментални нарушувања како депресија, откриваат лекарите.