23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Непознат авион пристигнал од Украина, Унгарците ги дигнале борбените авиони

Унгарски борбени авиони Грипен беа подигнати во воздух во понеделникот попладне поради неидентификуван авион од Украина.

Авионот, соопшти во понеделникот вечерта унгарското Министерство за одбрана, преминал во воздушниот простор на таа земја од Украина.

Здружената команда за воздушни операции на НАТО нареди авионите да бидат подигнати во воздух откако на радарот во источниот дел на земјата се појави авион кој се упати кон Словачка.

Унгарските грипени патролиралирале во областа пред да се вратат во нивната база во Кечкемет, откако се увериле во безбедноста на воздушниот простор, се вели во соопштението на Министерството, според унгарските медиуми.

Инаку, од саботата ова е трет пат да се предупредуваат унгарски авиони.

фото Bluesnap/Pixabay