27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Драматична ситуација во Херсон: Околу 300.000 граѓани ќе останат без храна

Министерството за надворешни работи на Украина денеска соопшти дека ситуацијата во Херсон е драматична, а градот се соочува со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 луѓе во окупираниот Херсон им снемува храна и медицински материјали.

Портпаролот на институцијата Олег Николенко на Твитер објави дека Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивили.

– Храната и медицинските материјали речиси исчезнаа, но Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивили – тврди Николенко.