14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Високи бројки: 25 починати, 1722 новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.

Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50, Ресен – 45, Неготино – 43, Гостивар – 42, Охрид – 33, Струга – 27, Радовиш – 22, Штип – 21, Кочани – 20, Крушево – 19, Валандово и Свети Николе – по 18, Богданци – 16, Делчево и Крива Паланка – по 15, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 8, Берово – 6, Дојран и Демир Капија – по 5, Кратово – 4, Дебар, Виница и Пробиштип – по 3, Пехчево – 2, Демир Хисар – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 4.939 тестови преку: ИЈЗ-526, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-115, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-179, Биотек-314, Систина-140, лабораторија Лаор-115, Синлаб-39, Ремедика-22, Плодност-52, Генеа-25, Никоб Лаб-480, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-94, Ројал Медика–34, Спектра-ММ-47, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.261.

Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.

Спонзорирано: