11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиен новинар во Мексико – известувал за криминалот и насилството на бандите

Мексикански новинар почина откако бил застрелан во главата пред неговата куќа во северниот пограничен град Тихуана, соопштија официјални лица.

Маргарито Мартинез (49) работел повеќе од 10 години во Тихуана за неколку национални и меѓународни вести и известувал за криминал и насилство од бандите во градот на границата меѓу САД и Мексико.

Канцеларијата на главниот државен обвинител соопшти дека службениците кои се јавиле на повикот на Брзата помош го пронашле телото на Мартинез пред неговата куќа со повреда на главата предизвикана од огнено оружје.

Еден од неговите колеги рече дека Мартинез бил вклучен во државна програма насочена кон заштита на животите на новинарите.

Неодамна влезе во програмата за заштита бидејќи добиваше закани“, изјави новинар кој сакаше да остане анонимен.

Тихуана стана еден од градовите во Мексико со најмногу насилство поради судирите меѓу нарко бандите кои се борат за шверцерски рути.

Мартинез е вториот новинар убиен оваа година во Мексико, по смртта на Хозе Гамбоа минатата недела во југоисточната држава Веракруз.

Од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Член 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а минатата година биле убиени седум новинари.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Новинар од САД убиен пред неговата куќа

M T

Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

M T

Шест лица меѓу кои пет тинејџери се убиени во вооружен напад во Мексико

M T

11 лица загинаа во ураганот Агата кој го погоди Мексико

M T

Новинар убиен во јужно Мексико

M T

Во Мексико убиена новинарка која била под заштита на државата

M T