20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

11 лица загинаа во ураганот Агата кој го погоди Мексико

Бројот на загинати во ураганот Агата, кој го погоди Мексико, денеска се искачи на 11, додека 20 лица се уште се водат како исчезнати, изјави гувернерот на сојузната држава Оахака на југот на земјата, Алехандро Мурат.

Тој рече дека реките во таа област се излеале од коритата и ги поплавиле нивните домови, а многу жртви биле затрупани под кал и камења.

Агата е најсилниот ураган некогаш регистриран што го погоди источниот дел на Пацификот во мај.

Ураганот ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико во понеделникот, како ураган од втора класа, со ветрови од речиси 170 километри на час во близина на пацифичкиот град Пуерто Анџела, губејќи ја силата додека се движеше кон внатрешноста.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

M T

Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

M T

Шест лица меѓу кои пет тинејџери се убиени во вооружен напад во Мексико

M T

Ураганот Агата се движи кон мексиканските градови, ветерот би можел да достигне брзина од 193 километри на час

M T

Новинар убиен во јужно Мексико

M T

Ураганот кој го погоди Мадагаскар усмрти 20 луѓе

M T