3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шири штетни дезинформации, поддржува терористи, Етиопија бара СЗО да го истражи Гебрејесус

Етиопија побара од Светската здравствена организација да го истражи нејзиниот генерален директор.

Етиопското Министерство за надворешни работи ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да го испита нејзиниот генерален директор Тедрос Аданом Гебрејесус за наводна поддршка за бунтовничките сили кои се борат против етиопската влада.

Гебрејесус, поранешен министер за здравство и министер за надворешни работи на Етиопија, претходно оваа недела рече дека пристигнувањето на помош во неговиот роден регион Тигра, каде бунтовничките сили се борат против централната влада, е блокирано.

Моралната, правната и професионалната положба на Гебрејесус го загрози организацискиот статус на СЗО, се вели во соопштението на Етиопија.

„Тој шири штетни дезинформации и ги загрози угледот, независноста и кредибилитетот на СЗО, што се гледа од неговите објави на социјалните мрежи“, се вели во соопштението.

СЗО изјави дека се запознаени со дипломатската вербална нота и додаде дека ќе продолжат да бараат од владата на Етиопија да овозможи испорака на хуманитарна помош и услуги до седум милиони луѓе во Тигреја, Етиопија.

СЗО и нејзините партнери постојано повикуваат на итен и непречен пристап за испорака на хуманитарни здравствени материјали и услуги за жителите на Тигра, изјави Светската здравствена организација.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T

СЗО: Треба да го смениме името на МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ

M T