11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Издавал лажни ковид-потврди во скијачки центар во Бугарија, маж за 150 евра внесувал имиња во системот

Во скијачкиот центар Пампорово, во јужна Бугарија, уапсен е маж што издал лажни ковид-потврди со кои се потврдува постоењето антитела за сума од 150 евра.

За оваа цена тој ги внесувал податоците за пациентот во информацискиот систем на Министерството за здравство.

Уапсениот е вработен во медицинската лабораторија во ски-центарот, но не е лекар, соопшти Обвинителството, пренесуваат бугарските медиуми.

Станува збор за кривично дело нарушување на критичната инфраструктура на државата, а казната за тоа е затвор од 5 до 8 години и глоба над 5.000 евра, е наведено во написите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Швајцарија се откриени 8.000 лажни ковид потврди

M T