20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откажани повеќе од 4.000 летови ширум светот

Во светот во неделата беа откажани повеќе од 4.000 летови, од кои повеќе од половина во САД, поради неповолните временски услови, но пред се поради зголемувањето на бројот на заразени со омикрон сојот на коронавирусот.

Според податоците на глобалната страница за следење летови, синоќа до 20 часот по Гринич биле откажани повеќе од 2.400 летови од и кон САД, а повеќе од 11.200 летови се одложени до натамошно известување.

Меѓу авиокомпаниите кои имаа најмногу откажани летови се „Скај Вест“ – 510 и „Југо запад“ – 419, а само до пладне откажани се над 3.300 летови, од кои 1.900 во САД, објави веб-страницата Флајт Авер, пренсуваат агенциите.

Божиќните и новогодишните празници се периоди со најмногу патувања, но брзото ширење на високо преносливиот сој на омикрон доведе до нагло зголемување на заразата, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат летовите пред се поради недостиг на екипаж бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот беа во изолација.

Транспортните агенции низ САД исто така го суспендираа или го намалија обемот на бизнисот поради недостаток на персонал, бидејќи е потврдено дека голем број вработени се заразени со коронавирусот.

Во последните 24 часа, надлежните американски служби регистрирале 346.869 новозаразени, а бројот на починати и заболени од Ковид-19 во истиот период изнесува 377 лица.

Можеби ќе ве интересира

Британска авиокомпанија планира да откаже околу десет илјади летови

M T

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

M T

Најавен прекин на патувања низ Европа – Технички проблеми во германската контрола на летови

M T

Кина ги забрани летовите на авионите кои Русија ги национализира

M T

На летовите кон и од Германија задолжителни маски и покрај олабавувањето на мерките

M T

Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

M T