3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Руски кардиолог предупредува: Ако РАЗЛИКАТА помеѓу горниот и долниот крвен притисок е ОВАА, консултирајте се со лекар

Многу е важно редовно да го проверувате крвниот притисок и да земате соодветна терапија доколку е потребно.

Симптоми на низок крвен притисок се главно вртоглавица, слабост, замор, додека високиот крвен притисок може да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Флуктуациите на крвниот притисок можат да бидат фатални, а кардиологот Марија Беневскаја откри кои работи се важни кога е во прашање крвниот притисок.

– Прво да разјасниме што е крвен притисок. Тоа е притисокот што крвта го врши врз ѕидовите на крвните садови. Овие вредности се еден од показателите за виталните функции на телото – вели таа.

Таа потоа додала дека при мерењето на крвниот притисок се одредуваат два вида и при секое отчукување на срцето притисокот варира помеѓу горниот и долниот. И двата параметри се подеднакво важни, еден параметар не може да се набљудува посебно, но секој има свое значење.

– Секој од овие параметри има свое значење, и двата се важни. Ако горната е покачена, зборуваме за систолна хипертензија, а исто така, ако долната е покачена, тоа е повторно хипертензија, само дијастолна. Секоја од овие состојби е опасна и бара различен пристап кон лекувањето – додаде таа.

Што е нормална граница, а која е критична?

Нормалната вредност на крвниот притисок на здрава личност (систолен/дијастолен) е 120 со 80. Меѓутоа, овој притисок може да варира во текот на денот, а зависи од возраста на личноста, постоечките болести, но и состојби како што е бременоста.

– Разликата меѓу систолниот и дијастолниот крвен притисок се нарекува пулсен притисок и обично е 30-50 – нагласи Беневскаја. Сите вредности кои не се вклопуваат во овие граници може да укажуваат на присуство на болест, што е причина за посета на лекар. Иако ова може да биде минлива состојба, во секој случај подобро е да се консултирате со лекар – вели Беневскаја.

Што ако разликата е под 30?

Ако има мала разлика помеѓу горниот и долниот притисок, тоа може да укаже на следните услови:

1. Присуство на атеросклероза на аортата (таложење на холестерол во најголемиот сад)

2. Оштетување на садовите на бубрезите

3. Аортна аневризма (патолошка експанзија на посебен дел од аортата со можност за руптура или раслојување на ѕидовите поради прекумерно оптоварување)

4. Анемија (намалено ниво на хемоглобин во крвта) и многу други состојби.

Горниот притисок е познат и како срцев притисок, а понискиот како бубрежен.

– Поголемиот број што се добива при мерењето е систолниот крвен притисок, го покажува притисокот во садовите додека срцето се стеснува и ја турка крвта во артериите, што зависи од јачината на контракциите на срцето, отпорноста на ѕидовите на крвните садови и пулсот по единица време. Затоа, можеме да кажеме дека овој индикатор ја одразува работата на срцето, иако, се разбира, во овој процес се вклучени и други фактори – вели таа.

Не треба да заборавиме дека помалиот притисок ја покажува и работата на бубрезите.

– Помал број, дијастолен крвен притисок, го покажува притисокот во артериите кога срцевиот мускул се релаксира. Ова е минималниот притисок во артериите и го одразува отпорот на периферните садови. Бидејќи васкуларниот тон е регулиран со хемикалии и автономниот нервен систем, понискиот крвен притисок значи колку добро се изведува неврохуморалната регулација. За возврат, неврохуморалните реакции се јавуваат главно во бубрезите, така што постои мислење дека понискиот притисок е бубрежен – заклучи Беневскаја.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ненадминат лек за висок крвен притисок: Овие 3 состојки се вистинско чудо

M T