Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Новата Влада ја поставуваме на здрави темели и со јасни принципи

Пред изборот на новото раководство на партијата и новите министерски позиции, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е оптимистичен дека новата Влада ќе има квалитетна програма која ќе ги содржи најдобрите проекти и предлози на сите коалициски партнери. Во интервју за Слободен печат тој вели дека за непречено одвивање на државните процеси, во моментов од клучно значење е посветената и ефикасна реализација на владината програма.

„Што поефикасно работиме и го почитуваме заемниот договор, постабилна ќе биде Владата. Исклучително е важно да имаме добро усогласена владина програма без отворени прашања кои подоцна би можеле да бидат причина за нестабилност“, беше дециден Ковачевски, истакнувајќи дека во периодот кој следи, приоритет е да се обезбеди функционирање на институциите со полн капацитет.

Во интервјуто тој наведува дека постојат голем број прашања во периодот пред нас на кои ќе треба соодветно да се одговори, почнувајќи од предизвикот на менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, но и продолжување на преговорите со соседна Бугарија за одблокирање на европскиот пат на земјата.

„Јас верувам дека можеме да ги надминеме сите овие предизвици, но за тоа ни треба Влада поставена на здрави темели и со јасни принципи. Токму тоа се обидуваме да го постигнеме со преговорите“, потенцираше тој.

Според Ковачевски, за Владата да влева доверба кај граѓаните, таа мора да функционира на најдобар начин. Тој истакна дека неговиот принцип на градење доверба е преку работа и врз основа на реализација на целите кои заеднички се поставуваат со коалиционите партнери.

Спонзорирано: