3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Првата конкретна изјава на СЗО: Невиден број мутации, можни сериозни последици – дадени инструкции

Светската здравствена организација конечно излезе со поконкретни упатства и прогнози за ширење на новооткриениот вид на коронавирус, наречен омикрон.

За разлика од првите најави откако сојот беше откриен во Јужна Африка, а потоа пристигна во Европа, а во кои експертите на таа светска организација беа нејасни, сега дадоа поконкретни детали, но и прогнози и не се ветувачки.

СЗО утринава соопшти дека на земјите-членки веќе им се дадени инструкции во врска со новиот вид на ковид-19, а се посочува дека постои голема веројатност за натамошно ширење на тој сој низ светот.

Исто така, СЗО предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта кои се уште се истражуваат, може да има сериозни последици.

„Омикрон има невиден број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за „потенцијално натамошно ширење“ на мутациите е „висока“ на глобално ниво.

Првата препорака до земјите-членки на таа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, наведувајќи дека наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.

„Имено, постои загриженост за можноста омикронот да го избегне стекнатиот имунитет“, додаваат од Светската здравствена организација, истакнувајќи дека тогаш постоела голема веројатност за натамошно ширење на омикронот на глобално ниво.

„Во зависност од овие карактеристики, може да има идни бранови на „Ковид-19“, што може да има сериозни последици. Проценуваме дека севкупниот глобален ризик поврзан со новиот вид на „Ковид-19“ е многу висок“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: