Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Истрага против дилер на дрога од Велес, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес.

Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК