7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+ТЕМАТОП ВЕСТИ

Нов вид на коронавирус се шири низ планетата: Наложена изолација – Првите случаи во Британија

Две лица од вчера се заразени со нова варијанта на корона вирусот, позната како Омикрон, соопштија здравствените власти во Велика Британија.

Саџид Џавид, министер за здравство во Британија, изјави дека случаите се регистрирани во Есекс и Нотингем.

Како што рече, лицата кај кои е потврден вирусот се во домашна изолација, а нивните контакти се следат.

Новиот вид е идентификуван во Јужна Африка, Боцвана, Белгија, Хонг Конг и Израел.

Варијантата Омикрон може да биде уште позаразна од моментално доминантната варијанта Делта, поради големиот број мутации и се стравува дека вакцините против неа нема да бидат толку ефикасни.

Чешката Република исто така истражува можен случај на омикронска варијанта на корона вирусот откриен кај лице кое било во Намибија, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје (NIJZ).