18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мнозинството на Мицкоски го снемува, ќе понесе ли одговорност за циркузот?

Откако минатиот петок, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека собрал парламентарно мнозинство со кое ќе изгласа недоверба на Владата, ситуацијата денес изгледа сосема поинаку, па дури и самиот Мицкоски не се појави на прес-конференција.

Прес-конференцијата дека е поднесена иницијативата за гласање недоверба денес ја одржа Александар Николоски, додека Мицкоски остана скриен во Белата палата, веројатно свесен дека мнозинството од петокот веќе не постои.

Првиот удар за ваквата иницијатива го зададе пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, кој кажа дека бил излажан и не знаел оти во целата акција е вклучена и партијата Левица.

По поднесувањето на иницијативата за гласање на недоверба преку социјалните мрежи се огласи и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пуста желба за власт е спремна да ја носи државата низбрдо и да го остави народот да страда.

„Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка зад која како бедем гордо стојат мнозинство од граѓаните и нашите пратеници.“ – напиша Заев на фејсбук.

Гласањето недоверба по оваа иницијатива претседателот на Собранието, Талат Џафери, го закажа за четврток, но станува се појасни дека тоа нема да биде успешно. Освен откажувањето на Реџепи-Зејд, медиумите известија дека и двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се во изолација поради коронавирусот.

Спонзорирано: