18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Притисок дома и од надвор: Заев да ја смени одлуката, државата е пред сериозни предизвици

Голем број на домашни и странски политичари изминативе денови упатија пораки до премиерот Зоран Заев да ја преиспита неговата одлука да се повлече од позицијата претседател на СДСМ и премиер на државата.

Според неговите сопартијци, коалициони парнтери, но и високи политичари од Европа, одлуката за оставка на Заев е избрзана и емотивна. Тие го повикуваат премиерот да ја промени оваа одлука бидејќи пред земјата престојат сериозни предизвици и реформи за кои се потребни стабилни институции.

Надворешнополитичкиот гласноговорник на претеничката група на германските социјалдемократи (СПД), Нилс Шмид денес истакна дека оставката на Заев е лоша вест за реформските напори започнати во Северна Македонија, но исто така тој потенцираше дека тоа е лоша вест и за европскиот проект.

„Оставката на Заев е тежок удар, не само за европската социјалдемократија, туку и севкупно за проширувањето на ЕУ. Не смееме да го потценуваме разочарувањето на младата, европски ориентирана генерација кое го произведува недоволната поддршка за социјалдемократските, реформски ориентирани политичари како Заев“ заклучува германскиот политичар.

Слична порака упати и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, кој изрази загриженост дека оставката на Заев ќе создаде проблеми за земјата, но и притисок врз Договорот од Преспа.

„Ако има владина промена ова сигурно ќе донесе голем притисок врз Договорот, врз правилното спроведување на Договорот од Преспа што е прашање за нас. Но, сметам дека ќе создаде повеќекратни проблеми за самата Северна Македонија во врска со нејзиниот европски тек“ рече Варвициотис.

Против оставката на Заев излегоа и коалицините партнери од Владата, меѓу кои највпечатлив беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој истакна дека пред државата се сериозни предизвици, за кои Заев е потребен.

„Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле“ кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Спонзорирано: