Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Короната го клекна на колена нашиот северен сосед: Во Србија почина 13 – годишно момче од Ковид, четири бебиња се на респиратори

Во Србија, соочена со предупредувачки висок тренд на смртни случаи и нови инфекции во петтиот бран, се зголемуваат барањата да се воведе 24 часовна важност на Ковид – пропусниците, а не како сега по 22 часот .

Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467.

Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец, починало од белодробна емболија во Сомбор во петокот вечерта.