20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го разорува овој регион.

Во невремето досега загинаа две лица, а сицилијанскиот функционер Нело Мусумечи потврди дека има неколку исчезнати во поплавите.

53-годишен маж загина кога неговото возило се заглави во надојдените порои во Катанија, на источниот брег на Сицилија, јавија тамошните гласила.

Полицијата верува дека тој излегол од возилото и се обидел да побегне од надојдената вода, но не успеал, а неговото безживотно тело подоцна било пронајдено.

Во слична трагедија, 67-годишен маж почина во Катанија, откако неговиот автомобил беше заглавен во вода и кал, а по неговата сопруга сè уште се трага.

Градоначалникот на Катанија, Салво Поглиезе, ги повика жителите да останат дома.

„Имавме два многу тешки дена и поминавме низ драматични моменти“, рече Поглиезе.

Вели дека временските услови се подобруваат, но предупреди и на лоша прогноза за утре и задутре и дека состојбата е доста загрижувачка.

Црвени предупредувања се издадени на островот Сицилија и во регионот каде што се наоѓа градот Катанија, кој веќе е зафатен од лошо време во текот на целата недела.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

M T

11 лица загинаа во ураганот Агата кој го погоди Мексико

M T

Ураганот Агата се движи кон мексиканските градови, ветерот би можел да достигне брзина од 193 километри на час

M T

Ураганот кој го погоди Мадагаскар усмрти 20 луѓе

M T

Силна бура усмрти човек, ново невреме ја погоди Сицилија

M T

Њујорк под вода, прогласена вонредна состојба

M T