5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Позната авиокомпанија го направи својот последен лет по 74 години постоење

Поглавје во историјата на италијанската авијација беше затворено во четвртокот вечерта кога последниот лет на Алиталиа слета во Рим.

Летот АЗ01586 слета во главниот град на аеродромот Рим-Фиумичино во 23:23 часот по полетувањето од Сардинија.

Авионот со 180 патници беше речиси полн, објави агенцијата АНСА. По синоќешниот последен лет, италијанската авиокомпанија престана да постои по 74 години.

Алиталија е основана во 1947 година и е поврзана со италијанскиот економски раст со децении по Втората светска војна.

Новата државна авиокомпанија Italia Trasporto Aereo (ITA) ќе полета денеска и се смета за наследник на Alitalia.

Алиталија не оствари годишен профит од 2002 година, и неколку обиди за враќање на компанијата пропаднаа, вклучително и напорите да се најдат приватни инвеститори. Разговори беа одржани и со Делта и Луфтханза.

Италијанската авиокомпанија беше приватизирана во 2008 година, но и после тоа и беше потребна огромна државна помош за да банкротира во 2017 година.

ИТА ќе започне со работа со 52 авиони и годинава ќе вработи до 2.950 луѓе, наспроти 10.000 вработени во Алиталија.

Првично ќе понуди 45 дестинации и 61 рута, вклучувајќи ги Франкфурт, Париз, Лондон, Њујорк и Буенос Аирес.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британска авиокомпанија планира да откаже околу десет илјади летови

M T

Турција формира специјална авиокомпанија за руски туристи

M T

„Рајанер“ во загуба од 96 милиони евра во последниот квартал од 2021

M T