Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Трагедија во Србија: Почина невакцинирана 20-годишна жена од коронавирус, бремена со близнаци

Трудница од Књажевац на возраст од 20 години во четвртиот месец од бременоста почина ноќеска во 23.30 часот.

Жената е примена на 2. октомври со ниска сатурација од 80 отсто и веднаш е формиран мултидисциплинарен тим лекари кои ја следеа нејзината состојба, а во кој беа анестезиолог, инфектолог, пулмолог и гинеколог.

Следниот ден поради влошување на состојбата приклучена е на респиратор.

Потоа бремената жена е префрлена во единицата за интензивна нега и приклучена на машина за дишење, на 3. октомври, а почина на 5. октомври, и покрај напорите на лекарите да и го спасат животот, соопштија надлежните.

Жената не била вакцинирана.

Спонзорирано: