3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска за Канал 5 ТВ: Ги поттикнувам општините активно да се вклучат во воспоставување на социјалните услуги на локално ниво

Министерство за труд и социјална политика работи на проширување на сместувачките капацитети за стари лица кои се оставени сами на себе, рече министерката Јагода Шахпаска во интервју за Канал 5 телевизија.

Во таа насока согласно европските стандарди проширен е Домот за стари лица д-р „Иван Влашки“ во Берово за дополнителни од 15 на 40 места за сместување. Исто така МТСП работи на реконструкција на едно крило во Здравствен дом во Пробиштип, односно на нов дом, со капацитет од 55 места.

Според минстерката Шахпаска, МТСП пред се работи на приближување на услугите нега и грижа во домовите затоа што секое возрасно лице најпријатно се чувствува во својот дом.

„Ние како МТСП и Влада заедно со нашите партнери од Европската комисија, преку ИПА фондови, работиме и на изградба на домови за стари лица. Секоја година министерството во склоп на социјалната програмата за капитални инвестиции објавува повик на кој општините аплицираат согласно претходно подготвени проекти. Дополнително во владината програма постои отворање на дневни центри за здраво стареење и веќе такви центри воспоставуваме во различни општини за што имаме склучено договори за нивна имплементација. Јас ги поттикнувам и единиците на локална самоуправа како место во коешто живеат граѓаните, како место кое директно е во контакт со нивните потреби да бидат креативни да ги имплементираат овие мерки кои МТСП ги препорачува и на тој начин да воспоставивме еден одржлив систем кој ќе биде точно во средината во кој што живеат старите лица“, рече Шахпаска.

Министерката најави дека поради големиот интерес на граѓаните социјалните услуги и во иднина ќе се развиваат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Делови од скопски општини без вода за пиење

M T

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T