6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул

Талибанците го растурија протестот на неколку десетици жени во Кабул, кои се борат за своите права.

Според сведоците, Талибанците употребиле солзавец и бибер спреј за да растераат група жени кои оделе од мостот до претседателската палата.

Жените во Авганистан бараат право на работа и право на учество во власта, а Талибанците најавија дека ќе го објават составот на нивната администрација во наредните денови. Засега Талибанците објавија дека жените можат да бидат вклучени во владата, но не и на министерските позиции.

Жените во Авганистан стравуваат од враќањето на стариот талибански режим, кој беше на власт помеѓу 1996 и 2001 година и протестираа во Кабул и Херат.

Во меѓувреме, судирите во долината Паншир, северно од Кабул, продолжуваат.

Портпаролот на авганистанскиот фронт за национален отпор (НРФ) рече дека продолжуваат тешките борби и дека илјадници талибанци се опколени.

Долината Паншир, каде живеат околу 200.000 луѓе, беше центар на отпорот кога Авганистан беше под советска окупација во 1980 -тите и за време на претходниот период на владеење на Талибанците.

Лидерот на НРФ Ахмад Масуд ги пофали женските протести во Херат и рече дека Паншир продолжува да дава отпор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T

СДСМ: Каков дебакл, пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

M T

Протест против задолжителната вакцинација и носење маски во Нов Зеланд

M T

Паника во Австрија – Заразено лице со омикрон учествувало на протестите против ковид-мерките

M T

Антивладини демонстранти во Белорусија казнети од 18 до 20 години затвор

M T

Протести во Романија против ковид сертификатите

M T