14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Проф.Трајковски со нова анализа: Се формира и врвот на бројот на смртни случаи

Веќе се формира и врвот на бројот на смртни случаи, тоа е жолтата линија на првиот дијаграм. Денешниот рекорден број на починати е резултат на високиот број на дијагностицирани (1.250) минатата недела, вели во својата нова ковид анализа проф.Дејан Трајковски.

-Патем кажано, врз основа на вчера пресметаното средно време од дијагностицирањето до смртниот исход (7 дена), сега можеме поточно да ја пресметаме средната стапка на леталитет во четвртиот бран (летниот бран на Делта сојот) и истата изнесува околу 3,08% (450 починати од 14.615 дијагностицирани 7 дена претходно). Вака работите доаѓаат на своето место, односно сепак, благодарение на вакцините (колку и да се вакцинирало слабо во северозападна Македонија), леталитетот е намален од претходниот просек од 3,52%. Можело да биде и многу подобро, ако се вакцинирале повеќе, но што е – тука е, барем населението да извлече поука за есенскиот бран, додека сé уште има време за вакцинирање, пишува Трајковски.

Спонзорирано: