Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Од септември нови Ковид-мерки во Грција

Од почетокот на септември како што најави грчкиот министер за здравство Василис Кикилас во Грција ќе се применуваат нови Ковид-мерки .

На лицата кои немаат валиден доказ за вакцинација или релевантен доказ дека го прележале коронавирусот, нема да им биде дозволено да влезат во затворени места за забава, ресторани и кафулиња.

Новите мерки, исто така, предвидуваат дека невакцинираните лица, кои се вработени во јавниот и приватниот сектор, имаат обврска да прават ПЦР тест еднаш неделно, почнувајќи од 13 септември. Цената на тестот е 10 евра.

Мерката за прекин на работата за сите здравствени работници кои не се вакцинирани ќе се почитува без никакво одлагање, објави министерот за здравство на прес -конференција, пренесуваат агенциите. Тој, исто така, напомена дека задолжителната вакцинација важи и за приватни лекари и за фармацевти во примарната здравствена заштита.

Обврската на невакцинираните наставници и професори, како и оние кои работат во туризмот, угостителството, телевизијата, филмот, театарот, музиката и танцовата продукција, се дека мора да прават два теста на неделно ниво. Тие се должни да ги наведат резултатите на платформата предвидена за тоа.

Од студентите ќе се бара да прават два теста за себе неделно и тие ќе бидат бесплатни.

Сите туристи кои не се вакцинирани, а се постари од 12 години, имаат обврска да поднесат негативен брз тест, не постар од 48 часа. За деца постари од пет години, воведена е обврската за само-тестирање.

Се уште е задолжително да се носи маската во затворени простории, но и на отворено, доколку има собир.

Според последните податоци, вкупно 5.635.437 лица биле вакцинирани со двете дози на вакцини во Грција, додека 5.917.139 граѓани примиле барем една доза од вакцината.

„Наша обврска е, колку што е можно, да обезбедиме брзо враќање во нормалниот живот“ – изјави портпаролот на Владата на Грција, Јоанис Иконому.

„Општеството не може да чека и да остане заложник на перцепцијата на оние кои одлучиле да не се вакцинираат“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Снегот ја блокираше Грција – Бројни области без струја, возачи заробени на патиштата

M T

Во Хрватска од денеска построги ковид-мерки

M T

Во Грција 9 од 10 заболени од ковид се заразени со омикрон

M T

50.126 новозаразени од Ковид-19 во Грција

M T

Грција воведува нови мерки – се намалува работно време на рестораните и клубовите

M T

Нови правила во Грција: Без бустер-дозата, потврдата за вакцинација ќе важи седум месеци

M T