28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Македонија ТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Најкриминалната партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да бара оставки

ВМРО-ДПМНЕ  како најкриминалната партија во Европа има најмалку кредибилитет да зборува за корупција и за борба против корупција, тие и нивните поранешни функционери направија се во изминатите четири години да ја попречат правдата на секој можен начин, но ние како Влада секој меѓународен извештај ги земаме многу сериозно и по нив постапуваме, конкретно оној на ЕУ посочи дека имаме напредок во борбата со корупцијата и по тоа постапуваме, рече Бојан Маричиќ министерот за правда во костувањето на Канал5.
 
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ  е осуден за виока корупција, голем дел од поранешните функционери се осудени за корупција или се водат судски процеси на барање на најкриминалната партија во Европа нема да поднесам оставка, бидејќи владата овозможи да се усвои законот за Обвинителство со што продолжија случаите  на висока корупција и да добијата судска разврска, веќе опвозможивме пристапување кон ветингот и веќе има 16 судии кои се разрешени, очекуваме и обвинителството да ја проевери работатат на обвинителите за да и таму има прочистување, воведобме министество кое ќе се бори директно против корупцијата донесовме закон и воспоставивме ДКСК независна од владата а во врме на вмро не знаевме ни дека постои таква комисија, рече тој.
 
Едно од клучните ветувања на Владата во однос на борбата против корупција и владеењето на правото  е токму барањето на премиерот Зоран Заев од ЕУ да почне веќе најавениот мониторинг  на судските процеси од рангот на висока корупција рече
-Идејата е верификувани монитори од ЕУ и ОБСЕ да го следат процесот во над 50-тина случаи на висока корупција да даваат сугести и оценки на судските процеси и пораки од законодавците за да имаме појасна и поцелосна слика како се водат постапките без да се навлегува во содржината која е секако делокруг на судот и доколку има системски слабости кои се согледани да може по нив да се постапува и да се решат, рече тој.
 
Тој посочи дека Владата на СДСМ ставила до знаење дека никој не е виновен додека не се осуди.
– Не се мешаме во постапките но никој не е над законите, евентуалното застарување на било кој случај е основа за разрешување на судии и секој треба да внимава како ги води случаите, но Владата не калкулира со текот на судските процеси и тоа никако не е поврзано со изборите, локалните избори сеповрзани со начинот на работа на градоначалниците и локалната власт во интерес на граѓаните.