20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат и отстрануваат остатоците по обилните дождови и поплави.

Во Грција премиерот Кирјакос Мицотакис рече дека пожарникарите се избориле со речиси 50 пожари во последните 24 часа.

„Сакам да истакнам дека август е секогаш тежок месец“, рече тој. „Затоа е важно за нас, сите владини служби, да бидеме целосно подготвени додека официјално не заврши сезоната на пожари“.

Противпожарните служби соопштија дека неколку пожари биле предизвикани од невнимание на фарми и градилишта и тоа најмногу на Пелопонез. Нема извештаи за жртви.

Во Италија веќе трет ден италијанските пожарникари се борат со пожарите што избувнаа во југозападниот дел на Сардинија.

20.000 хектари шума се веќе уништени, а 1.500 луѓе се евакуирани.

За гаснење на пожарот беа мобилизирани 7.500 луѓе, хеликоптери и авиони. Во текот на ноќта евакуирани се туристи што летувале во пристаништето Порто Алабе. Пожарите беснеат во близина на 13 града, а напорите на пожарникарите ги отежнуваат силните и жешки ветрови.

Весниците во Сардинија ја опишуваат сцената од пожарите како апокалиптична. Претседателот на регионот на Сардинија, Кристијан Солинас, прогласи вонредна состојба на островот и побара од владата во Рим итна помош поради штетата што досега ја направи пожарот.

„Ова е невидена природна катастрофа“, рече Солинас.

Италија денес побара од европските земји да испратат противпожарни авиони со цел да се запре ширењето на пожарите на делови од островот Сардинија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

M T

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

M T

Пожари беснеат во Велика Британија, гори земјиште од осум хектари

M T

Пожари на Халкидики: Пожарникарите работат на три локации

M T

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

M T

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

M T