Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Репортери без граници“ бараат ослободување на новинарот Тевфик Ганим во Египет

„Репортери без граници“ упатија повик до ОН со барање за ослободување на поранешниот уредник на вестите за Блискиот Исток на „Анадолија“, Тевфик Ганим (65), кој е в затвор во Египет веќе два месеци, пренесува „Анадолија“.

Репортери без граници“ испратија писма до Специјалните известувачи на ОН за слободата на изразување, тортурата, независноста на судиите, Специјалниот известувач на ОН за правото на здравје и Работната група на ОН за самоволни апсења, барајќи ослободување на Ганим.

Во писмото се повикуваат органите на ОН да ги преземат сите неопходни мерки против египетските власти за итно и безусловно ослободување на Ганим.

Во изјавата на „Репортери без граници“ се наведува дека пензионираниот египетски новинар Ганим бил приведен во својот дом од страна на безбедносните сили ноќта кон 21 мај и бил чуван на непознатa локација сѐ додека не е изведен пред Врховното обвинителство за државна безбедност на 26 мај.

Притворот на Ганим од тој датум се обновува на секои 15 дена.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Новинар од САД убиен пред неговата куќа

M T

Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

M T

Новинар убиен во јужно Мексико

M T

Убиен новинар во Мексико – известувал за криминалот и насилството на бандите

M T

Го одбројуваме времето до ослободување на Крим од руската окупација, порача Зеленски

M T

„Нема да пишуваш повеќе“-Турски новинар, критичар на Ердоган, нападнат во Берлин

M T